Пронајдено оружје и муниција во пробиштипско, приведено едно лице

Фото: МВР

Триесет и тригодишен маж од пробиштипското село Пишица е приведен вчера откако кај него било пронајдено оружје и муниција.

„Денеска (16.11.2023), полициски службеници од СВР Штип – ОВР Пробиштип го лишиле од слобода С.Ј.(33) од с.Пишица, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин, воздушна пушка, сигнален пиштол и 87 патрони различен калибар“, информираат од МВР.

Во координација со јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот