Пронајдено детето што денеска се изгуби на кејот на Вардар

Детето кое беше пријавено во полиција од неговата мајка дека го изгубила на кејот на Вардар, по два часа е пронајдено во близина на хотелот Хилтон.

Како што соопшти МВР, по добиена пријава на телефонскиот број 192 од Р.С. од Скопје која пријавила дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син Мартин (12), кој боледува од аутизам.

Полицијата веднаш преземала мерки и активности за пронаоѓање на детето.

-Во 16:30 часот од страна на единицата Алфа детето е пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот