Пронајдена дрога и оружје, приведен 26-годишен струмичанец

Фото: Архива/Слободен печат

Дваесет и шестгодишен струмичанец бил приведен вчера откако при претрес на локации кои ги користел била пронајдена марихуана, оружје и муниција.

„На 06.03.2024 во 16.30 часот во село Сушица, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Л.Д.(26) од село Сушица. При претреси на две локации во селата Сушица и Турново, кои ги користел Л.Д., извршени со судски наредби, биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка, воздушна пушка и повеќе патрони за ловечка пушка“, информираат од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против Л.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот