Промотивниот караван на „Мој ДДВ” во Велес

Во маркетот „Жито Ване” во населбата Тунел во Велес денеска пристигна промотивниот караван „МОЈ ДДВ”, преку кој граѓаните на информативниот пулт беа информирани за апликацијата и им беа делени флаери.

Градоначалникот Аце Коцевски изјави дека проектот за поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните е важен не само за државата, туку и за граѓаните.

– Секој од нив на три месеци ќе може да се поврати по 1.800 денари, а на годишно ниво по 7.200 денари, или едно просечно четиричлено семејство во текот на годината може да си поврати 28.800 денари од парите кои како ДДВ ги уплатиле за државата.Тоа ќе биде значаен придонес за скромниот буџет на семејството, тоа е значајно и за државата и за граѓаните на Општина Велес, појасни Коцевски.

Тој потенцира дека со овој проект граѓаните се поттикнуваат  да купуваат во продавници и маркети кои уредно плаќаат ДДВ, а можат да ги пријавуваат и несовесните продавачи кои не употребуваат фискални апарати и ја поттикнуваат сивата економија.

Коцевски нагласи дека на овој начин ќе се сузбие сивата економија и многу повеќе средства ќе се влеваат во државниот буџета, а тие средства индиректно потоа ќе завршат во општините и државните институции. Тој смета дека со тоа ќе се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, а ќе значи и повеќе пари за водоводната и канализациската мрежа, улиците и патиштата. 

Прочитајте и...  Коцевски апелира до ЕВН да помогне во потрагата по исчезнатото лице во велешко Белештевица

Прочитај повеќе

Засега нема добра волја за враќање на цената на струјата: Јавноста бранува ама безуспешно

Мицкоски: За да не поскапи струјата треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач

МИА Агенција

Пандемијата и натаму носи ризици за економијата

МИА Агенција

Што се случува на Вол Стрит? Капиталот премина од технолошките во други компании

Слободен печат

Европските берзи во плус трет ден по ред

Слободен печат

Шумското производство помало за пет отсто

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Околу 600.000 хотели во светот почнаа да го прифаќаат биткоинот: Може да се резервира и сега

Слободен печат

Списокот со 344 газди кои не исплатиле над 180.000 евра оди во ОЈО

Слободен печат

Експертите предвидуваат понатамошен раст на цената на златото

Слободен печат

Земјоделските од кочанско да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето

Слободен печат

Јавните објави се добри, но казните ќе ги спречат идните манипулации

Цените на бензините, дизелот и екстралесното масло остануваат исти

МИА Агенција