Поради исклучување на високата печка, 2.800 работници се без работа во Велс

Индиската компанија Тата Стил го одби барањето на синдикатот на британската челичарница Порт Талбот да ги задржи високите печки во таа фабрика, што ќе доведе до отпуштање на дури 2.800 работници.

Првата висока печка во таа железарница во Јужен Велс треба да биде затворена на крајот на јуни, а втората во септември, објави Гардијан. Тата Стил ќе им понуди на работниците програма за доброволно отпуштање на 15 мај.

Во јануари компанијата во индиска сопственост објави затворање на две од четирите активни високи печки во Велика Британија, што е тежок удар за фабриката за челик во Порт Талбот, која е доминантен деловен субјект во тој град и неговата околина.

„Тата Стил“ планира да ги замени високите печки, од кои се добива челик со топење на железна руда, со електрични лачни печки. Таа компанија има намера да нарача опрема за нови печки до септември. Електрификацијата на процесот на производство на челик е многу почиста во однос на екологијата, бидејќи не се потпира на хемиска реакција која создава јаглерод диоксид. Ова ќе претставува и голема инвестиција од 1,25 милијарди фунти, но воведувањето на понова технологија ќе бара и многу помалку работници, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот