Промоција на книгата „Што ни се случува“ од новинарот Мендо Димовски

Настаните што ни се случуваат во континуитет, за кои пишуваше и новинарот Мендо Димовски во колумните за нашиот весник, ќе останат забележани и запаметени во неговата четворта книга под наслов „Што ни се случува“, како кажувања и сведовштво за еден мошне значаен период од второто шестомесечје 2018. и првото 2019 година. Низ содржината на ова дело провејуваат прашањето и чудењето за тоа навистина што ни се случува барајќи излез да се надминат негативните појави и државата да застане на здрави нозе.

„Моите кажувања и укажувања се трудев да бидат одраз на видувањата и мислењата на поголемиот дел обични и добронамерни луѓе што не можеа и сѐ уште не можат да се помират со: безредието, со злосторничкото здружување, со непочитувањето на законитоста, со неправдата, со самоволизмот и лигавизмот, со конформизмот, непотизмот и пизмот…И насловот на книгата „Што ни се случува?!“ произлезе од чудењето што се провлекува низ содржината на колумните за тоа навистина што ни се случува и кон каде ни е свртен компасот?! Тој восклик и предупредување излегува длабоко од душата на обичните граѓани што бараат чаре за сплотеност, за подобро и поквалитетно живеење и за јакнење на правото и правдата во државата! Бараат решение за тоа што ни се случува, за да не ни се случува!“, запишал авторот на задниот дел од корицата.

Книгата ќе биде промовирана на 7. октомври (понеделник) во 11 часот во Домот на АРМ во Скопје, а промотор ќе биде рецензентот Бранко Геровски, поранешен главен и одговорен уредник на „Слободен печат“. Влезот е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот