Професорите на медицинските факултети ќе може да работат и по 64тата година

Докторите кои имаат 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава ќе може да го продолжат работниот однос. За ова денеска разговарале министерот за здравство д-р Илир Демири и претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров.

„Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа одлука ќе се овозможи континуирана продукција на нови и млади кадри коишто ќе допринесат за зајакнување на здравствениот систем. Младите здравствени работници ќе учат од експерти докажани во својата област по соодветните специјалности со долгогодишно искуство и успех зад себе“, се согласија Демири и Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот