Проект „Шишка виа МКЦ“: Нов модел за промовирање на културата

Наизменични онлајн настапи на групи од Скопје и од Љубљана се дел од пилот-проектот „Шишка виа МКЦ“ за промоција на културата. Во проектот се вклучени „Кино Шишка“ од Љубљана и Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

– „Кино Шишка“ во Љубљана е еден од водечките културни центри во Словенија, а можеби и еден од најпосакуваните затворени концертни простори во Југоисточна Европа. Целата соработка доаѓа некако природно, како програмски одговор едни на други во изнаоѓањето модели како да се продолжи да се поддржува сцената и да се промовира културата, локално и меѓународно, и во едни вакви специфични услови на делување.

Во овој формат, заеднички досега реализиравме три, а до средината на јуни, кога би завршила оваа прва фаза, ни преостануваат уште четири крос-стрим концертни вечери. Ова истовремено е и пилот-проект на една нова интернационална мрежа на културни центри и организации, каде што МКЦ и „Кино Шишка“ се едни од иницијаторите за нејзино формирање, а за која, исто така, набрзо ќе информираме – изјави Русе Арсов, в.д. директор на МКЦ, за „Културен печат“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 33, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 30-31 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот