Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Фото: МИА

Судењето за „Маџар телеком” почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот Маџар телеком”.

Предметот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком”, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Судењето за „Маџар телеком” почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот