Продолжен договорот со кој Јапонија им плаќа на САД за оддржување на воените бази

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонија и САД се договорија да го продолжат договорот според кој Токио ќе продолжи да плаќа за одржување на американските бази што се на јапонска територија.

„Во истовреме, Јапонија и САД разговараат за нов договор“, изјави министерот за надворешни работи на Јапонија Тошимицу Мотеги.

Според досегашниот петгодишен договор, што е во сила до април следната година Јапонија ќе издвои 199,3 милијарди јени  или 1,8 милијарди долари за фискалната година, што завршува на крајот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот