Проблеми за Ливерпул, без Хендерсон на реваншот со Атлетико!?

фото: твитер

Менаџерот на Редси, Јирген Клоп, потврди дека англискиот репрезентативец ја повредил тетивата на коленото…

Хендерсон повредата ја доживеа во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, па самиот побара замена во 80. минута.

Редси го загубија мечот со 1:0, па доколку сакаат пласман во четвртфиналето ќе мораат на реваншот на „Енфилд“ (11. март) да ја анулираат минималната негатива против Шпанците.

Менаџерот на Редси, Јирген Клоп, потврди дека англискиот репрезентативец ја повредил тетивата на коленото:

– Можеше да биде полошо. Ја повреди тетивата на коленото. Не е лошо како што е случајот со Хари Кејн. Но, ќе биде надвор од терените околу три недели, што не е добро. Сепак, можеме да кажеме и дека имавме среќа – рече Клоп.

Ливерпул во понеделник ќе игра против Вест Хем во 27. коло од Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот