Проблеми за Далас, Лука Дончиќ е позитивен на коронавирус

Далас извесен период ќе мора да игра без својот најдобар кошаркар/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ, влезе во корона протоколот и нема да може да игра за својот тим во наредниот период, објави новинарот Адријан Војнаровски.

Претходно беше објавено дека двајца кошаркари на Далас се позитивни на коронавирус, а веднаш потоа Војнаровски објави дека еден од нив е токму Дончиќ. Вториот позитивен на ковид-19 е Треј Бурк.

Лука Дончиќ ги пропушти последните пет натпревари на Далас поради повредата на левото стопало.
Со последните два позитивни теста на ковид-19, Далас сега има шест кошаркари кои се корона протоколот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот