Проблем за Ѓоковиќ: Вакцинацијата, можеби, услов за сите грен слем турнири!

Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

„Австралија опен“ како услов за учество на играчите им постави задолжителна вакцинација, а тоа би можеле да го направат и останатите грен слем турнири.

Американскиот новинар од „Форбс“, Адам Загорија пренесе неофицијална информација дека вакцинацијата би можела да биде услов и за играње на „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.

– Можно е и Ролан Гарос и Вимблдон да го следат истиот тренд и да ги условуваат учесниците на турнирот со вакцини, што значи дека Австралија опен може да започне со домино ефект – напиша Адам Загорија на својот Твитер профил.

Со оглед на тоа што е под знак прашалник настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен на почетокот на годината, што го потврди и неговиот татко поради „уцената за вакцинација“, најдобриот тенисер на светот на тој начин би можел да пропушти и други Грен слемови.

Се разбира, сè уште се заснова на гласини, но Ѓоковиќ смета дека не сака да открие дали е вакциниран и на тој начин го дели светот на вакцинирани и невакцинирани и дека не му се допаѓа тоа што услов за играње е вакцина.

Отвореното првенство на Австралија има некои од најригорозните прописи во светот на тенисот, а други би можеле да ги следат. Иако имаше различни опции и варијанти за одење во Мелбурн и настап, челниците на турнирот порачаа дека само вакцината ќе биде „билет“.

Сето ова доколку се реализира би имало значајно влијание врз кариерата на Новак Ѓоковиќ, кој би бил спречен да учествува на Грен слем трката, а би загубил и многу АТП поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот