Приведена 23-годишна тетовка за издржување затвор во „Идризово“

Полиција / Фото: МИА

Вчера полицијата привела дваесет и тригодишна тетовка која била барана по централна потерница за издржување затворска казна.

Како што информираат од СВР Тетово, вчера во 13 часот и 20 минути на ул.„Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полицијата ја привеле 23-годишната тетовка Б.Ј., која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“.

Претходно, Б.Ј. била пријавена од 30-годишниот тетовец А.С. дека во неговата куќа на оваа улица извршила кражба и одзела повеќе предмети, кои подоцна биле пронајдени и му биле вратени. Б.Ј. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот