Приведен жител на Јегуновце кој со возило загрозувал учесници во сообраќај и полицајци

Полиција / Фото: МИА

 Полицијата вчера привела жител на тетовско Јегуновце кој бил пријавен од други возачи поради загрозување на сообраќајот, а кој потоа се обидел физички да ги нападне полицајците.

– Околу 20:20 часот на регионален пат Тетово-Јажинце, кај село Пршовце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(44) од тетовско Јегуновце затоа што со своето возило „Ауди” со тетовски регистарски ознаки ги загрозувал другите учесници во сообраќајот. Потоа агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Тетово.

Тој бил приведен во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот