Приведен тетовец кој им се заканувал на родителите

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полициски службеници синоќа привеле 43-годишен тетовец, кој бил пријавен од неговите родители дека им се заканува. При приведувањето полицијата кај него пронашла марихуана.

„Синоќа во 2З.30 часот од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Ф.И. (43) од Тетово. Тој претходно бил пријавен дека околу 23.00 часот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители во нивниот дом. Притоа, кај Ф.И. била пронајдена и марихуана. Тој е задржан во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци“, се наведува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот