Приведен скопјанец баран со потерница

Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Полицијата денеска приведе 47-годишен скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна во времетраење од една година.

– Денеска (04.02.2021) во 11:10 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, отсек за потрага го приведоа М.К. (47) кој се барал со потерница, за издржување казна затвор по член 235 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија во времетраење од една година, информираат од МВР.

Лицето, информираат од МВР, ќе биде предадено во казнено поправна установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот