Приватна колекција од 1.500 предмети на Фреди Меркјури оди на продажба

Фото: Профимедиа

Летово ќе се одржи едномесечна изложба и аукција на повеќе од 1.500 предмети од приватната колекција на пејачот Фреди Меркјури од групата „Квин“.

Колекцијата вклучува огромна палета на костими, слики и предмети од секојдневниот живот на Фреди. Меѓу најдрагоцените предмети е репликата на круната на Свети Едвард, чија вистинска верзија ќе ја носи кралот Чарлс III на неговото крунисување. Како и познатата наметка од вештачко крзно, црвено кадифе и накит која ја изработила пријателката на пејачот и костимограф Дијана Мозли.
Меркјури ги носеше овие предмети за време на концертите, вклучувајќи го и светски познатиот концерт „Live Aid “ во 1985 година, како и на последната изведба на песната „God Save The Queen“ за време на последната турнеја со групата во 1986 година. Предметите се очекува да достигнат цена од 80.000 фунти на аукцијата.

Фото: Photoshot / Avalon / Profimedia

Исто така, се продаваат досега невидени ракописи за песната „We Are The Champions“, една од најпознатите песни на бендот. Ракописот за песната, кој има девет страници, се проценува на 200.000 и 300.000 фунти. Меѓу останатите предмети, ќе се продава и раскошната свечена јакна во воен стил, изработена за легендарниот 39-ти роденден на пејачот во Минхен во 1985 година, проценета на 10 до 15.000 фунти.

Предмети од домот на починатиот фронтмен на „Квин“, во Кенсингтон, западен Лондон, ќе бидат изложени од 4 август до 5 септември, денот на неговиот 77-ми роденден.

Пред изложбата и аукцијата во Лондон организирана од „Сотби“, во јуни главните експонати ќе ги обиколат Њујорк, Лондон, Лос Анџелес и Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот