Приватна фирма ја поднови прилепската болница со машина за перење

Фото: МИА

Прилепската болница доби донација вредна 12 000 евра од компанијата „Гентерм”, која се состои од две индустриски машини за перење и за сушење алишта и постелнини. Со ова, болницата ги обнови машините стари повеќе децении.

Директорот на „Гентерм”, Андреј Хафинетс, изјави дека ова е трета донација за болницата, со која тие како општествено одговорна компанија и помагаат на прилепската заедница, пред сѐ на училиштата, градинките и на болницата.

– Задоволен сум што помагаме и овие машини ги дониравме за да помогнеме во хигиената и чистотата во Болницата, што е голема помош за пациентите. Со активностите ќе продолжиме и во наредната година, изјави Хафинетс.

Директор на прилепската Општа болница со проширена надлежност, Кети Смилеска, упати благодарност за донираната опрема.

– Со овие нови машини кои се високо енергетски ефикасни ќе може да има поголема хигиена и да се заменат старите дотраени машини по повеќе децении, рече Смилеска.

Инаку, за подобрување на здравствените услуги, Итната помош доби нови апарати за мерење притисок, а одделението за физикална терапија очекува нова најсовремена опрема

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот