Притвор за 19-годишен дилер на дрога од Куманово, при апсењето со нож мафтал кон полицијата

Фото: Илустрација

Деветнаесетгодишник од Куманово се заканувал со нож на полициски службеник, удрил еден од полицајците додека го претресувале и му пронашле марихуана, која ја подготвил за продажба. Обвинителството денеска поведе истрага за две дела.

– На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу десет грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда, информираат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против него и го сомничи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Претходно СВР Куманово информираше дека полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово, соопштија од полицијата.

Тинејџер нападнал полицаец во Куманово, кај него била пронајдена дрога

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот