Тинејџер нападнал полицаец во Куманово, кај него била пронајдена дрога

Деветнаесетгодишен кумановец е приведен вчера откако кај него била пронајдена дрога. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како што информираат од МВР, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.