Пристап до интернет од дома имаат 79,9 отсто од домаќинствата

Во првото тримесечје од  годинава, 79,9 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет според типот на населеното место, во вкупниот број на домаќинства, во првиот квартал годинава, изнесува 87,8  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. .

Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години во првиот квартал годинава интернет користеле 81,4  отсто, а 70,9  проценти го користеле секој ден или речиси секој ден.

Според статистичките податоци,  40,1  процент од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а повеќето од нив (36,4  проценти) купиле облека или спортска опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот