Приоритет на Бајден е враќање на Американците задржани во странство

Упатствата на Бајден / Фото: Профимедиа

Коментирајќи го ослободувањето н Бритни Грејнер, претседателот на САД, Џо Бајден, истакна дека САД продолжуваат со напорите да се врати дома и поранешниот маринец. Пол Вилан.

– За жал, и од целосно незаконски причини, Русија гледа на случајот со Пол поинаку отколку на случајот со Бритни. Можеби засега не ни успеа да направиме ослободување на Пол, но не се откажуваме. Никогаш нема да се откажеме, изјави Бајден.

Грејнер беше задржана во московски аеродром во февруари, откако службените лица и најдоа масло од канабис во патната торба. Оваа супстанца се смета за наркотичко средство и е забраната во Русија. На судењето, таа доби девет години строг затвор по обвинување за држење наркотици.

Бајден соопшти дека Грејнер сега е добро, на пат е за дома и дека скоро ќе се сретне со своите најблиски.

– Таа преживеа неправедна траума, ќе ѝ треба време да се соземе, рече тој.

Истакна дека приоритет на неговата администрација e враќање на Американците задржани во странство.

Ги повика своите сограѓани кои патуваат во странство да се придржуваат до советите и предупредувањата на Стејт департментот за можни ризици да се биде задржан од властите на странски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот