Принцот Вилијам по посетата на гробот на мајка си завршил во болница – Доживеал паничен напад, па колабирал!

Фото: Профимедиа

Принцезата Дајана почина пред 23 години, а ниту малку пријатната ситуација се случила на нејзиниот гроб пред некој ден…

Имено, принцот Вилијам колабирал за време на неодамнешната посета на гробот на неговата мајка, а го фатил и напад на паника и почнал да дише со тешкотии, а кога Кејт сфатила дека на нејзиниот сопруг не му е добро, таа одлучила да го прегрне. Сепак, тој чин дополнително предизвикал бура од емоции и тој буквално се скршил.

„Вилијам бил неутешлив поради фактот дека неговите деца никогаш нема да ја сретнат неговата мајка“, објаснил изворот, откривајќи дека, откако го видела нејзиниот сопруг како колабирал, Кејт го повикала обезбедувањето на помош.

Фото: Профимедиа

„Единствено молбите на Кејт успеале да го убедат принцот да ја посети приватната докторска ординација во близина“, наведува изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот