Прилепчанец синоќа бил затекнат додека извршувал тешка кражба во возило

Полиција / Фото: МИА
Полициски службеници синоќа привеле прилепчанец додека извршувал тешка кражба од возило, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа во 21:30 часот на ул.„Рампо Левката” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв”, со прилепски регистарски ознаки. Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото, се наведува во соопштението.
И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот