Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце

Фото: Слободен печат

Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ, стои во соопштението.

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Ден на Републиката, во Mеморијалниот центар – АСНОМ во Пелинце.

Свеченоста во Пелинце, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот. Претходно, претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот