Претседател на здружение на лица со телесен инвалидитет измамил фирма и присвоил 600 илјади денари

Полиција / Фото: МИА

МВР поднесе кривична пријава против четириесет и петгодишниот М.А. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“, соопшти МВР.

Тој, во својство на претседател на меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет во општините Велес, Чашка и Градско, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, довел во заблуда правно лице од Охрид и по основ на побарана позајмица, неовластено прибавил за себе корист од 600.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот