ПРЕСВРТ: „Дерби Италија“ ќе се игра пред гледачи!?

twitter/SempreInter.com

Италијанските медиуми најавуваат дека најголемото дерби во италијанскиот фудбал би можело да се одигра пред полни трибини.

Само еден ден откако беше потврдено дека дерби натпреварот кој може да одлучува и за титулата во Серија А помеѓу Јувентус и Интер ќе се игра пред празни трибини, денеска се најавува пресврт.

Имено, одлуката на италијанската влада за забрана на присуство на спортски настани е на сила до 29 февруари, по што Владата ќе донесе нова одлука но таа ќе зависи од ширењето на болеста или евентуалното смирување на ситуацијата.

„ Се надеваме дека кризата ќе се разреши што поскоро, а тоа ќе се однесува и на дуелот меѓу Јувентус и Интер. Ќе видиме в сабота, треба да се разбере дека ширењето на вирусот се одвива се побавно, можеби и ќе запре целосно до крајот на оваа седмица. Кога ќе имаме позитивна вести на оваа тема, докторите, научниците и политичарите ќе донесат заедничка одлука. Се надеваме дека секој навивач би можел од трибините да го гледа италијанското дерби меѓу Јувентус и Интер. Немаме дилема дека ова ќе заврши позитивно“, стои во соопштението на властите во Ломбардија.

„Дерби Италија“ е предвидено да се игра во недела, на 1 март, а моментно Јувентус е лидер на табелата со 60 бодови, еден повеќе од Лацио и шест повеќе од Интер кој има и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот