ОФИЦИЈАЛНО: „Дерби“ Италија ќе се игра без гледачи

твитер

Одлуката е донесена, натпреварот кој може и да биде клучен за титулата, Јувентус-Интер ќе се игра пред празни трибини поради коринавирусот.

Коронавирусот ја натера италијанската влада на радикални мерки, најголемото дерби во Серија А, попупарното „Дерби Италија“ помеѓу Јувентус-Интер ќе се игра без гледачи. По избивањето на епидемија на коронавирусот во Италија, минатиот викенд беа одложени четири натпревари, додека наредниот во Северна Италиа ќе се игра без гледачи.

„Дерби Италија“ ќе биде тажно на празната „Алијанц“ Арената, официјално нема влезници за овој натпревар, навивачите ќе бидат обесштетени, а одлуката ја потврди италијанскиот министер за спорт, Спадафора. Јувентус бараше одложување на натпреварот, но Италијанската фудбалска федерација не прифати такво нешто бидејќи смета дека би се загрозила регуларноста на Серија А.

Освен најголемиот натпревар во Италија, наредниот викенд без гледачи ќе се одиграат и натпреварите помеѓу Удинезе-Фиорентина, Сасуоло-Бреша, Парма-Спал и Милан-Џенова.

Покрај тоа, Интер во четврток ќе игра без гледачи против Лудогорец во реванш натпреварот од 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот