Престрелка на погреб во Чикаго, повредени 14 лица

Противпожарната служба во Чикаго соопшти дека најмалку 11 лица биле префрлени в болници во критична здравствена состојба.

Четиринаесет лица се повредени вчера при масовна престрелка за време на погреб во Чикаго, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил откако од автомобил во движење бил отворен оган кон луѓе кои присуствувале на погреб, а тие возвратиле со пукање кон возилото, изјави Ерик Картер од полицијата во Чикаго.

Противпожарната служба во Чикаго соопшти дека најмалку 11 лица биле префрлени в болници во критична здравствена состојба.

Полицијата сè уште не го објави бројот на оние кои учествувале во престрелката, ниту соопшти детали за полициската истрага.

Чикаго е еден од американските градови каде употребата на огнено оружје е зголемена во последните години. Во понеделникот 25 лица беа повредени, од кои четири починаа. Минатиот викенд, пак, во престрелки низ градот се повредени 63 лица, од кои најмалку 12 се убиени. Според градската полиција, во однос на истиот период минатата година, бројот на употреба на огнено оружје е зголемен за 46 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот