Преправени пописните резултати, некои графи исчезнаа, други бројки се корегирани

Фото: Слободен печат

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски не е запознаен со промените во пописните резултати во делот за религиската припадност.

Имено, според новата табела за верската определба на населението во земјава има промена на бројот на атеисти.

Преправки во пописните листи/Фото: Твитер

Така од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764.

Првичната објавена листа од ДЗС/Фото: Твитер

Во оваа табела „исчезна“ и графата Евангелско-протестантски христијани каде претходно беа впишани 8764 лица.

Од табелата мистериозно исчезнаа и попишаните лица чија по верска определба чија бројка беше помала од 500, па така ги „снема“ и попишаните лица кои се изјасниле како Евреи.

-Ќе провериме за што станува збор и ќе бидете известени во понеделник, најверојатно се работи за техничка грешка, но мора да провериме, рече Апостол Симовски директор на ДЗС.

По објавувањето на првичните резултати од пописот, реагираа политичките партии посебно оние од малцинските заедници во РСМ, а експертската јавност сметаше дека многу рано се објавуваат податоците од пописот, зошто во другите земји обично поминува од една до три години за да се сумираат и обработат податоците од најсложената статистичка операција во секоја земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот