ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Марија, Маги и Михаела ви даваат предлог и упатства за суперзабавна друштвена игра (ВИДЕО)

Сестрите Марија и Маги и нивната другарка Михаела ни ја покажуваат друштвената игра Паку-Паку! Кој ќе биде најбрзо јадечката панда, кој ќе успее да ги реди празните чинии без да ги урне? Гледајте до крај за да дознаете!

Наполни си го мешето што побрзо можеш!, така, на јапонски јазик, познатата германска компанија за друштвени игри и детски играчки Равенсбургер и авторот Антоан Бауза ја замислиле оваа интересна друштвена игра, која ви ја препорачуваме за вашите дечиња во периодот на домашна изолација.

Играта се вика „Паку – паку!“, но ако го немате сетот кој е достапен во продажба и во Македонија, можете да си направите импровизиран сет по истиот модел со слични компоненти – коцки, бодови и нешто што ќе ја врши функцијата на чинии, на пример, луспи од ореви или слично. Погледнете го видеото и веднаш ќе ви дојдат идеи за импровизирана замена на компонентите!

Е, сега, во што е работата на играта „Паку Паку“?

-Гладните панди многу бргу јадат, воопшто немаат време за миење чинии и тие само им се трупаат! Коj ќе ја сруши кулата ќе мора да ги измие чиниите, односно ќе добие казнени поени, – ни објаснуваат нашите главни, преслатки протагонистки во видеото.

Ајде да видиме кој ќе мие чинии.

Инаку, видеото е снимено лани, но ни пристигна во највистинското време.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот