Премиерот на Италија го продолжи карантинот до 13 април

Конте ги повика Италијанците да ги почитуваат ограничувањата за време на велигденските празници.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва ја продолжи мерката за општа изолација во државата најмалку до 13 април.

– Сè уште не сме достигнале услови што ќе ни овозможат да ги укинеме мерките. Јас само потпишав указ за продолжување на сегашниот режим на ограничувања до 13 април, рече Конте во телевизиското обраќање. Мерките требаше да завршат на 3 април.

Конте ги повика Италијанците да ги почитуваат ограничувањата за време на велигденските празници.

Следната фаза ќе биде почетокот на укинување на изолацијата и ќе почне само кога експертите ќе кажат дека е можно, додаде Конте. Трета фаза ќе биде да се излезе од кризата и да се продолжи со нормалниот живот.

Започнувањето и крајот на секоја фаза ќе бидат решени по консултација со Научниот и техничкиот комитет, кој и помагаат на Владата уште од почетокот на кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот