Премиер лигата застана зад клубовите, не ги пушта фудбалерите да играат за своите репрезентации

Секој фудбалер кој ќе дојде од држава која е во црвената зона мора да помине 10 дена во карантин/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Премиер лигата објави соопштение во кое вели дека клубовите нема да ги пуштат фудбалерите на играат во квалификациите за СП 2022 година чии држави се наоѓаат во црвената зона.
Претходно ваква одлука донесоа сите 20 екипи кои настапуваат во Премиер лигата, а на челниците на Лигата им остана да ја поддржат истата.

Оваа одлука значи дека околу 60 фудбалери од 19 клубови нема да можат да играат за своите репрезентации во септемврискиот квалификациски циклус за пласман на СП 2022 година.

– Карантинот значително ги влијае на здравјето и на кондицијата на фудбалерите. Ги развираме предизвиците кои постојат во меѓународниот распоред на натпревари и остануваме отворени за други решенија – изјави директорот на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

Клубовите во изминатите денови силно лобираа кај британската влада за нивните фудбалери да мора да одат во карантин по враќањето од репрезентативните обврски и откако добија негативен одговор се одлучија на ваков чекор.

Според одлуката на британската влада, сите фудбалери кои доаѓаат од „црвената зона“ на држави и кои имаат најголем процент на заболени од коронавирус, задолжително мора да поминат десет дена во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот