Премиер лигата посилна од коронавирусот, а Гвардиола: „Не сум како Клоп“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Нема да застанат возбудувањата во најсилното англиско фудбалско првенство, одложени се само два натпревари поради Лига купот…

Поради ширењето на коронавирусите, бројните натпревари и олимписки квалификациски турнири се одложени и откажани, а во некои земји натпреварите се играат без публика, вклучително и италијанското големо дерби меѓу Интер и Јувентус, како и во Македонија.

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус, им забрани на своите фудбалери да се ракуваат, по советите на лекарите.

– Ние сме залепени на телевизорите, за да видиме што се случува. Се надевам дека ситуацијата во оваа земја нема да се влоши – рече Брус.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот клуб се однесува како епидемија на грип.

– Ние тоа го сфаќаме сериозно, но не можеме да го избегнеме сето тоа. Никој не ни кажа дека не можеме да играме фудбал и се додека не се случи тоа, ќе играме фудбал – вели Клоп чиј Ливерпул има предност од 22 поени во однос на второпласираниот Манчестер сити.

Според последните бројки на британските власти, во земјата според информациите досега се регистрирани 19 случаи на коронавирус.

Шпанската лига нема намера да го откаже големото дерби на Барселона и Реал Мадрид в недела, но посочи дека има епидемиски план и натпреварите би можеле да се играат пред празни стадиони.

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека не е загрижен за вирусот.

– Ние се ракуваме со рацете и сакам да се прегрнувам. Не како Јирген Клоп, тој е мајстор во тоа. Но, јас се обидувам – се зборовите на Гвардиола.

В сабота се играат дуелите Брајтон-Кристал Палас, Борнмут-Челзи, Њукасл-Барнли, Вест Хем-Саутемптон, Ватфорд-Ливерпул, Евертон-Манчестер јунајтед и Тотенхем-Вулверхемптон.

Викендов само два натпревари се одложени, Астон Вила-Шефилд јунајтед и Манчестер сити-Арсенал.

Причината поради тоа е што в недела на „Вембли“ стадионот ќе се игра финалето во Лига помеѓу Манчестер сити и Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот