Премиер лига: Де Брујн рекордер, Варди со „Златната копачка“!

Само тројца играчи оваа сезона имаа „дабл-дабл“ учинок, односно двоцифрен број на голови и асистенции: Мохамед Салах, Кевин де Брујн и Сон Хјунг-Мин.

Откако ги објавивме сите учесници во Лигата на шампионите и Лига Европа, познат е и освојувачот на „Златната копачка“ во Премиер лигата.

Со Лестер не успеа да обезбеди место во ЛШ, односно ќе игра во ЛЕ, па како утеха Џејми Варди ја заврши сезоната како најдобар стрелец со 23 голови, еден повеќе од Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал) и Дени Ингс (Саутемптон). Варди е најстариот играч кој дојде до ова признание, со 33 години и 198 дена.

Интересно е тоа што Обамејанг двапати беше стрелец во победата на „топчиите“, а Ингс еднаш во триумфот на „светците“.

Само тројца играчи оваа сезона имаа „дабл-дабл“ учинок, односно двоцифрен број на голови и асистенции: Мохамед Салах, Кевин де Брујн и Сон Хјунг-Мин.

Салах со Ливерпул запиша 19 голови и 10 асистенции, потоа Де Брујн со Манчестер сити имаше 13 голови и 20 асистенции, додека Сон со Тотенхем постигна 11 погодоци и 10 асистенции.

Де Брујн воедно со 20 асистенција се израмни со рекордот на Тјери Анри од сезоната 2002/2003.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот