Израелската актерка и манекенка Моран Атиас (39) се вратила пред еден и пол месец во својата родна земја од Лос Анџелес, за во текот на пандемијата да биде поблиску до семејството.
Убавата актерка е една од волонтерките кои ја понудиле својата помош во борбата против коронавирусот во болницата „Ичилув” во Тел Авив.
Моран, која го оствари својот прв интернационален успех во Италија, каде беше популарна телевизиска водителка и актерка, изјави дека одлучила да се пријави за волонтирање откако го видела бројот на починати во Италија.
На почетокот на март се вратила од Лос Анџелес во Израел за во овој тежок период да биде блиску до своите најблиски.
Манекенката е снимена како менува постелнини и носи вода за пациентите додека носи маска и заштитно одело, за да се спречи ширењето на инфекцијата. Се пошегувала дека никој не ја препознава, бидејќи и се гледаат само очите.
Israeli actress and model, Moran Atias, volunteered at Ichilov hospital in Tel Aviv to help doctors treat #Coronavirus patients. ? pic.twitter.com/HJTfXnVtNu
Како амбасадор на добрата волја во IsrAid, исто така учествувала и во хуманитарни акции во Хаити по земјотресот во 2010-та година.
„Мислам дека сум адекватна за тоа да им пружам на луѓето можност да видат дека можам да волонтирам. Тоа е шанса да се фокусираат на други работи, а не само на тоа каква облека носам”, изјавила актерката.
Моран стекна голема слава во 2014-та година во серијата „Тиранин”, а меѓу другото ја красела и насловната страна на списанијата „Maxim” и „Men’s Health”. Таа на 9-ти април го прослави 39-от роденден.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пациенти со карцином во напредна фаза се принудени да чекаат резултати од направена биопсија кои не се готови и по месец дена, дознава „Слободен печат“ од членови на нивните семејства кои се во безизлезна состојба. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сестра ми има карцином на дојка, трет стадиум. Операција ѝ беше направена на …
Денеска се емитува деветтата епизода од втората сезона на поткастот на „Слободен печат”. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Наш денешен гостин е наградуваниот македонски автомобилист Бранко Кипровски. Тој ни раскажува за состојбата со автомобилизмот во земјава, бројните трки во Англија, наградите и животот во Лондон. Кипровски ни раскажува и за неговото минато, како …