Префинети тортиља сендвичиња

Лесен ручек, кој секој може да го приготви и да ужива…тортиља сендвичиња

Потребни состојки:

8 готови ториљи
500 г пилешко бело месо
200 г излупени домати
400 г кашкавал
3 лажици масло за готвење
марула
едно снопче млад кромид
1 лажица исечкан магдонос
1 прстофат лук в прав
оригано, босилек, мешан зачин

Начин на подготовка:

1. Пилешкото месо исечкајте го на тенки ленти, младиот кромид на крукчиња, доматите на коцкички, а кашкавалот изрендајте го покрупно.

2. На малку масло за готвење, пропржете го пилешкото месо, а потоа додадете ги доматите, ориганото, босилекот, лукот во прав и мешаниот зачин. Сите состојки заедно кратко пропржете ги.

3. Откако ќе ја тргнете тавата од рингла, во неа додадете го младиот кромид и убаво измешајте.

4. Земете една тортиља, наредете ја со кашкавал и полијте ја со филето од бело месо. Преку филето повторно наредете кашкавал и марула и преклопете ја со уште една тортиља. Подготвениот сендвич, благо притиснете го со дланките одозгора. На ист начин пригответе ги сите тортиљи.

5. Земете тефлонско тавче, загрејте го и на него печете ги тортиља сендвичите од обете страни за кашкавалот убаво да се стопи. Внимавајте да не ги загорите.

6. Сендвичите оставете ги да се оладат и послужете ги исечкани на триаголници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот