„Преекспонирано“ премиерно беше прикажан пред македонската публика

Актер(к)ите Камка Тоциновски, Благој Веселинов и Сара Климоска се во главните улоги на филмот

Играниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, во продукција на „ДНФ Филмс“ на 26 април ја имаше својата македонска премиера во Кино „Фросина“ во МКЦ, а од 27 април се најде и на редовниот репертоар на скопските кина „Милениум“ и „Синеплекс“.

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на фестивал од А-категорија во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија, од 2 до 9 февруари оваа година.

Во Европа, „Преекспонирано“ изминатата недела се прикажа на новиот филмски фестивал „Еуразја“ во Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија.

Македонската премиера на филмот се одржа на 26 април во Кино „Фросина“ во МКЦ. Сценарист и режисер на филмот е Елеонора Венинова. Улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката ја компонираше Линдзи Рајт, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, костимите ги креираше Жаклина Крстевска. Монтажер на филмот е Гоце Кралевски, кој истовремено е и продуцент („ДНФ Филмс“), додека монтажер на звук е Дарко Спасовски. Копродуцент е Мирјана Томиќ („Лилит“ – Србија), а филмот е поддржан од македонската Агенцијата за филм, Српскиот филмски центар и „Еуримаж“.

Станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани

Станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната има личен момент и говори за брачна двојка што престојува во викенд куќа во Охрид, а нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот