Предлог-закон за СЈО ако до утре стигне во Собрание на 29 јули ќе биде на седница, ако не здравје

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека во контекст на Собранието не постои предлог-закон за јавно обвинителство.

-Немам добиено предлог-законот, во контекст на Собранието нема таков  предлог-закон, Владата прашајте ја. Ако се добие денес, утре можам да кажам дека на 29 јули ќе се закажем седница за законот да помине во прво читање, ако не се добие денес, утре, здравје – вели Џафери.

Инаку драфт верзија на законот во петокот премиерот Зоран Заев ја презентираше на прес-коференција откако пропадна обидот да се организира лидерска средба на која ќе присуствува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Предлог-законот денеска треба да помине на Влада, а потоа да биде пуштен во собраниска процедура.

Џафери денеска рече дури и да се пушти во процедура за донесување тоа ништо нема да значи ако партиите не се усогласат и не се обезбеди двотретинско-мнозинство, односно 80 пратеници кои ќе гласаат за донесување на законот.

Овој закон е важен бидејќи со него треба да се реши судбината на Специјалното јавно обвинителство, кое се планира да се влезе од капата на Основното јавно обивнителство, и заедно со Обвинителството за организиран криминал да се организираат во ново Обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Кога ќе биде донесен законот се интересирала и новата амбасадорка на САД во земјава, Кејт Брнс која денеска се сретна со Џафери. Таа прашувала дали законот може да се донесе до 15 септемрви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот