Предлог- буџет за 2022: Идната година ќе има за трошење 4,4 милијарди евра

Фатмир Бесими
Фатмир Бесими / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Расходната страна на државната каса за 2022 година  е планирана на 4,4 милијарди евра и овој износ е за 1,4 проценти поголем отколку во 2021 година. Во Буџетот, во текот на наредната година се предвидуваат да се соберат 3,9 милијарди евра, или 7,4 проценти повеќе од приходот проектиран за годинава. Овие податоци ги соопшти министерот за финасии Фатмир Бесими на прес конференцијата која е во тек, а се однесуваат на Предлог-буџетот за 2022.

Буџетот се прави како дел од една среднорочна рамка во која дел е фискалната консолидација. Во тие рамки  во расходите се намалени тековните расходи.

Буџетскиот дефицит е 541 милиони евра и како што потенцираше Бесими, тој ќе се користи исклучиво за капитални расходи.

– Капиталните расходи се 37,8 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 33,3 милијарди денари. Како што може да се види, буџетскиот дефицит е помал од капиталнит расходи. Тоа е златното правило во јавните финасии што го прави овој буџет развоен и според теоријата и во пракса – рече Бесими.

Тој потенцираше дека идната година економскиот раст е планиран на 4,6 проценти, а инфлацијата на 2,4 проценти, односно се очекуваа таа да се стабилизира и во вториот квартал од наредната година да има релаксирање на цените.

Инаку, идната година треба да вратиме 11,6 милијарди денари, односно 188 милиони евра, и тоа 6,5 милијарди денари кон надворешни кредитори и 5,5 милијарди денари кон домашни инвеститори.

Министерот ги претстави и новите извори на финансирање: развојна, зелена, проектна обврзница и обврзница индицирана со инфлација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот