„Прашање е дали ќе бидат осудени“ – Четворицата полицајци кои го убија Џорџ Флојд може наскоро да се вратат на работа

NBC News посочува дека Полициската федерација во Минеаполис досега остварила бројни победи за враќање на отпуштените вработени – во дури шест од осум случаи од 2006 година.

Четворицата полицајци кои беа обвинети и отпуштени поради смртта на Џорџ Флојд, имаат добри шанси да си ги вратат своите работни места, откако полицискиот синдикат подне на нивното отпуштање од работа, објави Њујорк Пост.

Претседателот на синдикатот во писмо до членовите посочи дека работи на тоа полициските службеници Дерек Човин, Александар Куенг, Томас Лејн и Ту Тао да се вратат на своите работни места. Сите четворица се соочуваат со кривични пријави – вклучувајќи убиство – за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при неговото брутално апсење во Минеаполис на 25 мај.

„Тие беа отпуштени без соодветна постапка“, напиша претседателот Боб Крол.

Од синдикатот, меѓутоа не одговорија на прашањето за тоа каков е сега ставот на организацијата по прашањето на тие полицајци.

NBC News посочува дека Полициската федерација во Минеаполис досега остварила бројни победи за враќање на отпуштените вработени – во дури шест од осум случаи од 2006 година.

И од тие шест случаи во кои полицајците биле вратени на своите работни места, три се издвојуваат: еден службеник повеќе пати удирал во глава уапсен со лисици на рацете и му скршил нос, друг се изјаснил виновен за прекршок по кавга со жената, а трет е отпуштен, па вратен, па повторно отпуштен, поради наводно шутирае на тинејџер во глава – на крајот повторно е вратен на работа.

Дејв Бикинг, поранешен член на полицискиот одбор во Минеаполис, смета дека е „многу веројатно“ четворицата полицајци обвинети за смртта на Џорџ Флојд ќе бидат вратени на работа доколку синдикатот избере  да ги брани, но тоа може никогаш да не се случи, во очекување на судската пресуда.

– Прашање е дали тие ќе бидат осудени – истакна Бикинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот