Прага бара Русија да го напушти просторот што го зазема нејзината Амбасада за да засадат дрвја и цвеќиња

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментално го зазема, со површина од 5.000 квадратни метри, што беше дел од паркот Стромовка пред 1968 година, изјави шефот на тој округ Јан Шизински.

Градскиот совет на Прага ја повика републичката влада да почне преговори со цел просторот кој во моментов го зазема руската Амбасада да се врати на државата, како што беше пред инвазијата на силите на Варшавскиот пакт во 1968 година, објави Шизински на Твитер.

Чешките медиуми јавија дека градските власти планираат да засадат дрвја и цвеќиња во таа област и да ја претворат во парк како што беше пред август 1968 година.

Денеска во Русија се вратија 18 службеници од руската Амбасада, кои чешките власти ги прогласија за непожелни, изјави портпаролката на руската амбасада во Чешка, Марија Семенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот