Познатата новинарка критикувана поради постапката кон нејзината ќерка!

Instagram

Новинарката Паула Фарис има 3 деца, а во јули 2019 година со нејзиниот пристап шокираше многумина.

„Имам 44 години. Секогаш сум сакала 4 деца – можеби затоа што сум најмлада од четири деца“, раскажала Паула и открила дека додека се обидувала да остане бремена по 4-ти пат, имала дури 3 спонтани абортуси.

Последниот спонтан абортус се случил во јули 2019 година и додека се случувало тоа, сфатила дека е прилика на својата најстара ќерка, 12-годишната Каролин Грејс, да и покаже дека не треба да се срами од абортусот, пренесува The Sun.

„Ја донесов својата ќерка во бањата. И покажав што се случува и ѝ реков: Сакам само да ти кажам, мама е … Бебето најверојатно веќе не е живо. Мама не чувствува вина поради тоа “, се присетила новинарката.

Освен тоа, таа ѝ објаснила на ќерка си дека абортусот е нормален, дека се случува на многу жени и дека на неа тоа не ѝ е прв абортус.

„Кога ќе забремениш, може да ти се случи и на тебе душо. И сакам да знаеш дека ништо погрешно не си направила“, објаснила таа на својата ќерка.

Паула истакнала и како е важно да се тагува после таков несреќен случај, но дека е и еднакво важно да знаете дека тоа се случува на многумина околу вас.

Според некои истражувања се проценува дека 1 од 8 бремености ќе заврши со абортус. Губењето на 3 или повеќе бремености по ред се нарекува повторувачки абортус и погодува отприлика една од 100 жени!

Иако нејзината постапка изненади многумина, Паула доби огромна поддршка.

Сепак, како и на ceкоја вирална вест, присутни се и негативни коментари.

„Жал ми е поради нејзината загуба и нејзин избор е што и како такви работи споделува со своите деца, но мислам дека тоа е премногу за 12-годишно дете“, напишала една жена на друштвената мрежа.

„Си можела подоцна сè да ѝ објасниш. Некои работи се премногу за децата. Ова е една од нив“, се согласила друга корисничка.

Што мислите вие? Кој начин е најсоодветен за да се пренесе вака чувствителна вест на најмладите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот