Зголемување на минималната плата за 2.000 денари

Премиерот Зоран Заев објави дека на владина седница е одлучено да се зголеми минималната плата на 14.500 денари. Тој истакна дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата. Целта, како што рече тој, е подобрување на животниот стандард на работникот и намалување на сиромаштијата.

– Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата. внимателно ги следиме сите мерки. ќе продолжиме со овие мерки за да може стопанството да ги следи истите. Сите треба да работиме ако сакаме повискои плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме“ рече Заев, нагласувајќи дека до крајот на мандатот се надева оти ќе ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев истакна дека растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјата, како и дека нивото на минималната плата е во принцип ниво кое е приближно на нивото во другите земји во регионот.

Во моменов минималната плата изнесува 12.507 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот