Повредените од сообраќајката во Дебар во стабилна здравствена состојба

ФОТО: МИА

Седуммината повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди за МИА, Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар.

– Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и М.С.(21) од селото Новак, општина Центар Жупа, беа префрлени на понатамошен третман во специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” во Охрид, додека другите пет лица се под опсервација во хируршкото одделение при нашата болница. Сите се во стабилна здравствена состојба, што ни го потврдија и колегите од Охрид, рече Алили.

Сообраќајната несреќа се случи вчера попладне на улица „Вељко Влаховиќ”, на излезот од Дебар, на патот кон Струга, во близина на објектот на поранешната елекродистрибуција.

– Сообраќајната несреќа се случи помеѓу патничко моторно возило „киа соренто” со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(43) од селото Праленик, општина Центар Жупа и патничко моторно возило „форд фокус” со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.од селото Новак, општина Центар Жупа-сопатничка во возилото „Киа Соренто”, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од село Праленик-општина Центар Жупа, како и две малолетни лица од Дебар на возраст од 14 години, сопатници во возилото „форд фокус”.

Според Димоски, увид на местото на несреќата извршила екипа од полициската станица Дебар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот