Повредени пет лица во судир на СЕДУМ возила во сообраќајка во Скопје

Синоќа на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале дури седум возила, а пет лица се здобиле со телесни повреди.

Според информации на МВР, едно лице се здобило со потешки телесни повреди, додека другите биле полесно повредени.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од скопското село Грушино, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од село Миладиновци, скопско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од село Брњарци, Скопско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот