Повеќе професори од ученици: Во гимназијата во Македонски Брод има 11 матуранти

Фото: Твитер

Многу реакции деновиве предизвика слика од матурското табло на гимназијата од Македонски Брод, на кое има повеќе наставници од ученици. Само 11 матуранти годинава ќе го завршат средното образование во гимназијата, а во нивното училиште предаваат 22-ца професори.

Во училиштето има две паралелки од четврта година – едната по гимназиско образование, во која ќе матурираат осум ученици, а втората е по угостителство и туризам – во неа дипломи ќе добијат само тројца ученици.

Надзорот на инспекторите од образование покажал дека во училиштето сите активности се одвиваат според наставни планови и програми, а условите се безбедни и соодветни за изведување настава, пишува „Телма“, додавајќи дека повеќето средношколци во Македонски Брод се одлучуваат да се запишат во училишта во Битола и Кичево, наместо во гимназијата во родниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот