Потврдени 14 нови случаи на коронавирусот во Словенија

Ковид амбуланта во Словенија/ Фото: ЕПА

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 14 нови случаи на коронавирус, а направени се 918 тестови. Едно лице почина, објави словенечката влада.

Бројот на новозаразени е помал во однос на претходниот ден, кога имало 19 нови случаи.
Во моментов, 19 пациенти се хоспитализирани, од кои четворица се на интензивна нега.

Во последните 24 часа од болница биле испишани четворица оздравени пациенти, според Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени 2.066 заболени и 116 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот