Потребна е конкретна стратегија за да не се соочиме со колабирана економија

За да се ублажи ефектот од пандемијата со корона вирусот текстилната индустрија во овие моменти може да работи за потребите на државата, велат од текстилниот кластер.

Државата брзо реагираше со затворање на училиштата, кафулињата и рестораните, но заостана во однос на економските мерки. Потребна е конкретна стратегија за справување со ефектите што ќе ги предизвика пандемијата со корона вирусот, за да не се соочиме со колабирана економија вели Маријана Перковска од Текстилниот кластер.

Според неа, треба да се направи и репрограмирање на давачките, а посочи и дека текстилната индустрија во овие моменти може да работи за потребите на државата, во услови кога се соочуваат со намалување на интензитот на работа, бидејќи испораките на репроматеријалите од странските партнери се одвиваат отежнато.

Перковска повика на одговорност и на работодавците и на работниците во овие моменти, а смета дека е потребна и поширока едукација на населeнието, особено работниците во фабриките за користење на заштитните ракавици и маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот